СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

Акциите коишто САД ги преземаат против криминалот, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан којшто исто така се фокусира на борбата против корупцијата и криминалот е главна причина за нервоза на оската Орбан-Вучиќ-Мицкоски.

Врските на ВМРО на Мицкоски со СНС на Вучиќ СДСМ веќе целосно ги разоткри.

Освен истите политики кои ги спроведуваат, „copy – paste” сценаријата кои ги спроведваат, откривме и дека банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски.

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави скандал за сомнителните зделки за преземање на Стопанска Банка АД Битола од страна на Алта Банка блиска до Вучуќ и СНС.

Побаравме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова сомнително преземање и да се испитаат потеклото на парите.

Досега нема никаква реакција на ниту една надлежна институција.

Зошто?

Откривме и уште една алка што ја поврзува Алта банка со ВМРО на Мицкоски.

За Член на Управниот одбор на банката од Битола била избрана Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега се обидуваат да се „исперат“ да се оградат од СНС. Но, доцна е.

Центар за комуникации СДСМ.

Back to top button
Close