СДСМ: Изборот на в.д. обвинителка нов доказ – Власта сака целосна контрола

Соопштение на СДСМ

Изборот на в.д. обвинителка нов доказ: Власта сака целосна контрола

Власта на Мицкоски брза да го стави под свои канџи обвинителство и судството.

Целта е целосна контрола над обвинителството и погребување на правдата за спас од одговорноста за криминалните тендери кои врват зад грбот на граѓаните.

 

Изборот на новата в.д државна јавна обвинителка е уште еден доказ за тоа.

Анита Топалова Исајловска е позната како обвинителка која бараше да се укине предметот Талир во кој беше обвинет и Никола Груевски а се однесуваше на незаконско финансирање

на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа е сопруга на Илија Исајловски, поранешен заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали сега на сите им е јасно што се случува?

Исто како во времето на Груевски.

Нема да ви помине!

Сите ќе одговарате!

Работата не е завршена

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close