СДСМ излезе со свои предлог заклучоци: Во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен БЕЗ било какви објаснувања и фусноти

СДСМ денеска излезе со свои предлог – заклучоци во врска со информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на РСМ со ЕУ, предложена од страна на француското претседателство со Советот на ЕУ на 30-ти минатиот месец кои ќе ги предложи во Собранието за усвојување.

Според предлог заклучоците, Владата се задолжува да ги продолжи разговорите со ЕУ со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои преговарачката рамка со врадени европски принципи и стандарди, како и Копенхагенските критеруми за членство, согласно со спецификите и постигнатите резултати на РСМ.

Во преговарачкиот процес, воден од страна на владата и другите надлежни институции и министерства експертскиот преговарачки тим доследно да се придружува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските , историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговра со ЕУ. СДСМ предлага преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со почитување на нормите на меѓународното право, со безрезевно почитување на достоинствоот и посебноста на македонскиот народ како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието на РСМ на 29 јули 2021 година.

Според овие предлог заклучоци на СДСМ Владата се задолжува во преговарачката рамка, македонскиот јазик да биде наведен БЕЗ било какви објаснувања, додавки и фусноти, а тој принцип да се почитува и при склучувањето на било какви договори, спогодби и документи со ЕУ.

Покрај тоа Владата не смее да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на РСМ во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

СДСМ предлага билатералните прашања врзани со билатералните догооври за добрососедски односи да не бидат одредници од кои ќе зависи остворањето и затворањето на поглавјата со ЕУ во текот на пристапните преговори.

Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, предлага СДСМ.

Покрај ова, Собранието, предлага СДСМ редовно и континуирано да биде информирано за текот на пристапните преговри, скрингот и одвивањето на Меѓувладините конференции за пристапување на РСМ во ЕУ.

Back to top button
Close