СДСМ: Кадрите на Мицкоски злоупотребуваат ученици

На информацијата дека ученици од средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ биле на екскурзија во Бугарија, реагираше СДСМ со оценка дека „на виделина излезе нов скандал на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со бугарскиот клуб Ванчо Михајлов.“

„Додека лицемерот Христијан Мицкоски лажно се претставува во Бугарија негови кадри злоупотребуваат ученици во интерес на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов”. Кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски носат малолетни деца на средби со финансиерот на Ванчо Михајлов. Жанета Сирвини е поставена за директор на средно техничко училиште во Битола токму од ВМРО-ДПМНЕ односно градоначалникот на Битола, Коњановски, пред околу 3 месеци. Повикуваме на брза реакција на сите надлежни институции, МОН, надлежните инспекторати и бараме одговорност за оваа злоупотреба на македонските деца, ученици и студенти. Лицемерот и спинеротот Мицкоски, да излезе веднаш и да побара отчет од неговиот градоначалник Коњановски и одговорност, од него и од директорката поставена од ВМОР-ДПМНЕ. Ќе направи ли Мицкоски сега вонреден отчет за неговиот градоначалник? ВМРО-ДПМНЕ додека не се откаже од континуитетот на Ванчо Михајлов бадијала лажно се претставува.

Ова, почитувани е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ како антидржавна, антинародна партија, која злоупотребува малолетни лица во политички цели. Ова ги потврдува врските на ВМРО-ДПМНЕ со клубот Ванчо Михајлов, чиј претседател но и членови се фотографирани со Христијан Мицкоски и други функционери на партијата“ – се наведува во соопштението на СДСМ.

Back to top button
Close