СДСМ: Како гласале Милошоски, Пандов, Мицевски, Јорданов другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Бугарија?
СДСМ обвини дека дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ поседуваат бугарски пасоши и учествувале на парламентарните избори во Бугарија, поставувајќи прашање за кого гласале и какви очекувања имаат од новата влада во Софија.

„Додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедија бугарски пасоши – пасоши на ЕУ.
Антонио Милошоски од Вазараждане, Софија.
Никола Мицевски од Ќустендил.
Сања Божиновска од Софија.
Стефан Андоновски од Ќустендил.
Марија Андоновска од Благоевград.
Бојан Стојановски од Благоевград.
Иван Јорданов од Ќустендил.
Игор Здравковски од Ќустендил.
Марија Петрушевска од Средец.
Александар Пандов од Средец.
Петар Богојески од Обориште.
Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, функционери на ВМРО-ОКГ. Па да ги прашаме за кого вчера гласаа овие чувари на македонскиот идентитет, Бугари и што очекуваат од новата влада која ќе ја предводи Радев“, стои во соопштението.





