СДСМ: Кој и зошто му подарил на Јанушев 352.000 евра

Соопштение на СДСМ:

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски втор ден молчат за скапиот таканаречен подарок на генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев.

Партијата на Мицкоски наместо да испраќа смешни соопштенија, нека излезат да одговорат дали актуелниот генерален секретар на Владата Игор Јанушев преку таканаречен подарок во земјиште испрал црни пари.

Јавноста знае дека на Јанушев од рака му одат перење пари и злоупотреба на службена положба. Тој е осуден за злоупотреба на функцијата и од него друго не може да се очекува. Денеска автобусите кои се распаѓаат по улиците набавени од Кина се негово дело за кое веќе одговараше.

Мицкоски да не се крие и да одговори:

Дали Јанушев, со наводниот подарок си ги испрал сите криминално стекнати пари? Каква е неговата улога во тоа? Само преку наводен подарок Јанушев може да прикрие потекло на парите или да го сокрие изворот на средствата. Единствено така Јанушев може да легализира црни пари.

Дали Игор Јанушев треба да одговара за перење пари?

Дали се тоа црни пари од набавката на кинските автoбуси од кои ќар имаше само режимот на ДПМНЕ, а граѓаните добија несигурен градски превоз опасен по нивниот живот?

Кој и зошто му поклонил на Јанушев 352.000 евра?

Во какво сродство се Јанушев и широкоградиот подарувач?

Како лицето ги стекнало парите па на Јанушев му подарил 352.000 евра?

Колку заработува лицето кое може да поклони 352.000 евра?

 

Независна Македонија не памти политичар да добие на подарок 352.000 евра.

Управата за финасиска полиција, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинитество сега се на потег!

Државата со ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе го допре дното. Христијан Мицкоски и неговата гарнитура се на почеток од владеењето, а веќе покажуваат дека не се одлепиле од криминланото минато.

 

Бандитите на чело со Мицкоски од ден во ден покажуваат дека дојдоа на власт за да се богатат и да си ги заштитат криминалите и малверзациите.

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им е во фокус ниту подобро образование, ниту капитални инвестиции, ниту повисоки плати и пензии, нив им е во фокус криминал.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close