СДСМ: Колку Мицкоски не е самостоен – најдобро се гледа од односот кон Црквата
Соопштение на СДСМ

Колку Мицкоски не е самостоен – најдобро се гледа од односот кон Црквата
Александар Вучиќ повторно ја отвори старата тема: „Црквата во Белград и во Скопје е една и иста.”
Директна порака. Директно мешање во автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Директно оспорување на македонскиот идентитет.
А што направи Христијан Мицкоски?
Со една реченица ја затвори темата. Рече дека не сака да коментира „изјави што личат на испади од минатиот век” и дека треба да гледаме во иднината.
Тоа е сè.
Нема јасна одбрана на автокефалноста.
Нема јасна порака дека МПЦ-ОА е самостојна и независна.
Нема никаква острина кон оној што ја доведува во прашање.
Ова не е државнички став туку став на човек кој знае каде му е местото во односот со Вучиќ.
Кога Вучиќ зборува за „една црква”, Мицкоски молчи или бега во општи фрази.
Кога треба да се брани македонската црковна независност – премиерот избира да не се замеша.
Граѓаните јасно гледаат:
Мицкоски не е самостоен премиер.
Тој е премиер што внимава што ќе каже за да не го налути својот ментор.
Односот кон Црквата е само најновиот доказ.
Уште еден доказ за тоа е основањето на нови медиуми од „српскиот свет”, по сценарио на Латас и Ивона Талевска, кои треба да започнат со работа во септември.
Целта е да се освои целокупниот македонски медиумски пазар и да се создаде целосен медиумски мрак. На граѓаните ќе им се сервираат само информации што се во интерес на Вучиќ и Мицкоски.
Тоа ќе значи целосна медиумска заштита на криминалната организација, по целосното преземање и ставање под контрола на правосудниот систем и полицијата – процес на кој Европската комисија веќе одамна укажува.
На граѓаните им останува само едно: да не дозволат пропагандата да ја замени вистината. А за правда ќе мораат да почекаат уште малку. Доаѓа време кога граѓаните повторно ќе ја преземат власта во свои раце






