СДСМ кон Мицкоски: Папагалското повторување на лагите ќе ти донесе нов пораз!

Во филмовите за ново парламентарно мнозинство што Мицкоски со месеци ги врти не веруваат ниту во белиот дворец, велат од СДСМ.

Ова доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека се работи на обезбедување ново мнозинство кое ќе изгласа распуштање на парламентот и одржување предвремени парламентарни избори.

„Папагалското повторување на лагите нема да му донесе ништо освен нов пораз. Ако Мицкоски навистина овие четири години секој ден работел на ново мнозинство тоа се 1 460 лични досегашни неуспеси на Мицкоски. Со ваквиот негов пристап Мицкоски треба да знае дека уште долго ќе заспива и ќе се буди со помислата на премиерот Зоран Заев“, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Back to top button
Close