СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски поддржа спорна резолуција на ЕПП

 

СДСМ испрати соопштение до јавноста и порача дека граѓаните ја гледаат разликата, а тоа е дека „Димитар Ковачевски го бранелмакедонскиот идентитет за разлика од Христијан Мицкоски“.

„Има голема разлика граѓаните јасно ја гледааат и ја препознаават.
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и Владата којашто ја предводи се грижат за националните интереси и достоинството на сите граѓани. Ковачевски силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор.
Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини а надвор прифати спорна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија.
Никаде немаше ниту изјава за спротивставување на оваа спорна Резолуција на ЕПП, ниту осудување ниту оградување од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ништо.
Зошто во ЕПП не организираше Мицкоски протестна прес конференција? Зошто ја прифати со ставови на Бугарија?
Ете тоа е вистинското лажно лице на Христијан Мицкоски кој нема никаков кредибилитет да зборува за спорот со Бугарија и граѓаните тоа многу добро го знаат“, соопшти СДСМ.

Back to top button
Close