СДСМ: Лажни вести на ДПМНЕ, МЕПСО не се продава
Владејачката СДСМ демантира дека МЕПСО се продава откако претходно такви сомневања упатија од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.
-Лажните вести на Николовски и ДПМНЕ се неколку пати демантирани. МЕПСО не се продава. Ниту има одлука, ниту се преговара за продажба на МЕПСО. Но, бидејќи ДПМНЕ нема политики и нема став за најважните прашања папгалски повторува една иста лага. Освен блокади и лажни вести ДПМНЕ друго не знае, велат од СДСМ.