СДСМ: Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење е луксуз

Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.

Листата на градови и населени места расте секој ден.

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово.

Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска.

Општина Кичево: Селски водовод Гарани, патна чешма во Другово, јавна чешма „Бела Кула“, селски водовод Стрелци, Шутово, Премка.

Реките Лепенец и Вардар – побелени од хемикалии.

Пола Македонија останува без безбедна вода за пиење.

Во Гостивар епидемија на жолтица.

А одговорен сè уште нема. Ниту еден.

Граѓаните се трујат. Институциите молчат или доцнат со реакција.

А премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски продолжуваат со приказни, додека народот пие вода опасна по здравјето.

Ова е системски колапс.

Ова е резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.

Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции,
илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик.

Бараме:

• Итна и целосна одговорност – политичка и кривична

• Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето

• Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населби

• Прекин со пропагандата и конечно ставање на здравјето на граѓаните на прво место

Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право – чиста вода за пиење е луксуз.

Доста беше труење. Доста беше молк.

Back to top button
Close