СДСМ: Македонија се соочува со економски и енергетски колапс
Во држава во која повеќе од 55% од населението не може да си обезбеди годишен одмор од седум дена, според последните истражувања на репрезентативниот Синдикат, Мицкоски зборува за четврта економија во светот, пред онаа на Исланд, Ирска, Данска и Норвешка.
Македонија се соочува со економски и енергетски колапс.
Во моментов граѓаните се соочуваат со инфлација која ги јаде домашните буџети, земјоделците се жалат на катастрофални откупни цени, недостасуваат субвенциите, а оние кои се исплатени се намалени за речиси половина.
Домашното индустриско производство пропаѓа, еден од најголемите рудници во земјава „Тораница“ е пред затварање, не работи РЕК Битола, празни се хидроенергетските капацитети.
Истовремено, капиталните инвестиции во земјава се на историски најниско ниво од 26% во третиот квартал, и нема изгледи дека ќе се зголемат и во четвртиот квартал. И иако нема капитални инвестиции и проекти, пари на трезорска сметка нема.
Не се враќа ниту ДДВ на даночните обврзници.
Истовремено, Мицкоски се луксузира како османлиски бег, додека ја задолжува државата за 8 милијарди евра, а лаже дека „немало дополнителни задолжувања“.
Македонија е пред сериозен колапс, Мицкоски го знае тоа и гледа да приграби што повеќе може додека го лаже народот.