СДСМ: Манипулација тврдењето дека националниот дата-центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
-Каква лага на ВМРО и Мицкоски. Каква врска има дата-центарот со Реформската агенда? Пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, денеска тврди дека националниот дата-центар бил обврска од Реформската агенда со ЕУ. За кредибилитетот на Лефков нема потреба да трошиме ниту збор. Но, ова е уште една класична манипулација – се вели во соопштението од СДСМ во кое реагира на прес-конференцијата на МИле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Реформската агенда требаше да биде завршена до 1 јуни – како што самиот Мицкоски вети.
Наместо да ги испорачаат ветените реформи, сега измислуваат дата-центар и го ставаат под капата на „европска обврска“.
Што има заедничко националниот дата-центар (за чување на податоци на државните институции) со дата-центарот што Мицкоски го најавува за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?
Апсолутно ништо.
Станува збор за две сосема различни работи.
ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси.
Ова е спин.
Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.
Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?
Затоа што многу, многу лаже криминалната група ВМРО и Мицкоски.






