СДСМ: Мицкоски да не чека и веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за лична внатрепартиска употреба

Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата. Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба, се вели во партиската реакција на СДСМ, во однос на најавите на Мицкоски дека ќе ја напушти политиката ако некој од неговата партија гласа за уставни промени.

Мицкоски најави и дека во наредните денови продолжат консултациите за референдумот пред партијата да излезе со конечен став, додека од СДСМ реагираат дека овие барања се резултат на „потонатите обиди Мицкоски да ја закочи државата“.

„Барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски следуваа откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт“,реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close