СДСМ: Мицкоски е тој што шајка нема заковано во животот, знае само да шири лажни вести

СДСМ испрати реакција на изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и обелоденувањето на делови од договорот со старатешкиотпартнер Бехтел и Енка. Мицкоски денеска на средба со новинарите побара да биде демантиран доколку неговите тврдења се невистинити.

-Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица непрекинато води хајка против стратешкиот проект за изградба на делниците од коридорите 8 и 10д. Мицкоски е тој што нема заковано шајка во животот, кој не знае ни што е градба, ни што е изградба, кој последен претставник на црвената буржоазија, затоа што цела кариера ја има изградено поради неговиот татко каде прво бил асистент, а потоа и вработен. Мицкоски знае само за спинови и лажни вести, за друго ништо не знае, ниту го бива, тој е непознавач на економијата, на политиката, на енергетиката. Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех, стои во реакцијат на СДСМ.

Партијата понатаму реагира:

-Го гледавме тоа во времето на 11 годишното владеење на централно, но го гледаме и денес со владеењето на локално ниво, во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски. Како функционира ВМРО-ДПМНЕ се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните. Без разлика на хистеријата што ја шират ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ние нема да дозволиме нови паушални,скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години како што тоа е автопатот Кичево – Охрид, посочуваат од СДСМ без да прецизираат дали тврдењата на Мицкоски се вистинити или не, а се однесуваа на конкретни авански пенали кои државата ќе плаќа доколку не се исполнат одредбите од договорот како и на цените на чинење на автопатските делници кои според Мицкоски се многу повисоки од претходно договорените и спроведени договори со други партнери при изградба на дел од автопатиштата во државава.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close