СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта
Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии, се вели во соопштението од СДСМ.

Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо






