СДСМ: Мицкоски ги злоупотребува заболените со ковид-19, тој не почитуваше мерки

Владејачката партија СДСМ реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и велат дека токму тој не почитувал мерки и препораки во борбата против ковид-19.

„Тој не сочувствува со починатите ниту со нивните семејства, тој сака да ги злоупотребува, исто како и заболените од ковид 19. Во време кога целиот свет е обединет во борбата против коронавирусот, во време кога сите даваат придонес, мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем“,реагираат од СДСМ.

Во нивната писмена реакција испратена до медиумите велат дека токму Мицкоски ги прекршувал мерките за заштита од коронавирусот со тоа што посетувал теретани и ресторани во време кога тоа беше забрането.

„Кочење на финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид-центри низ државата, јавен повик дека полицијата нема да ги казнува прекршителите на мерките за заштита, јавен повик од неговиот Вело Марковски, граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен. Организираа морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓани. Протести на кои се прекршуваа мерките и се загрозуваше здравјето, ширење лажни вести дека нема доволно тестови, ширење невистини за начинот на кој домашните лекари се борат против вирусот“,велат од СДСМ.

Back to top button
Close