СДСМ: Мицкоски и Араовска се скараа за провизии

За помалку од една година, се покажаа вистинските лица на Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Тендер од 136 милиони евра е причината за кавгата и за меѓусебните обвинувања за неработа, за криминал и провизии, реагира владејачката СДСМ за кавгата меѓу опозициската ВМРО и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Ниту една кавга меѓу Мицкоски и Арсовска нема да го смени фактот што таа беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата.

Мицкоски дури се нудеше тој во име на Арсовска да ги набавел фамозните 100 електрични автобуси.

Можеби кавгата меѓу нив двајца започнала токму од овој неуспешен проект.

По мега криминалниот проект Скопје 2014, главниот град се соочува со нова катастрофа наречена Скопје 2024, се вели во реакцијата

 

 

Back to top button
Close