СДСМ: Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да најдат решение за превозот во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска со својата неспособноста и со кавгите меѓу себе го создадоа хаосот во Скопје, се вели во соопштението на СДСМ.

Нивна е одговорноста што градот е без јавен превоз, што јавните градски претпријатија се во колапс, а граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски.

ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат и да најдат решение за да престанат блокадите и граѓаните повторно да добијат јавен автобуски превоз.

Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот, сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос.

Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите.

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот, велат од СДСМ.

Back to top button
Close