СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората


Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без каква било контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните, се наведува во соопштение на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално.

На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж.

Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората.

Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот?

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Back to top button
Close