СДСМ: Мицкоски повторно коленичи пред Гаши кој не го почитува Деловникот за Законот за бранители

 

„Согласно Деловникот на Собранието, откако претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вчера не закажа расправа за овој закон во рок од 24 часа, обврската е на Африм Гаши да го направи тоа. Како што Гаши ја закажа за денеска седницата на Комисијата за финансирање и буџет во врска со задолжувањето од унгарската банка, исто така треба да ја закаже и седницата на оваа комисија“ соопштија од опозициската СДСМ.

Од партијата прашуваат „Дали Мицкоски повторно ќе коленичи и замолчи пред Гаши за игнорирање на Деловникот заради политички причини? Ќе извисат ли бранителите заради спас на Гаши и желбите на ВЛЕН?“.

„Ако Мицкоски вели дека треба дава недвосмислена поддршка за бранителите, еве му можност тоа да го докаже. Нека му се јави на Гаши да го стави Законот на комисиска расправа“ е партискиот став.

 

Back to top button
Close