СДСМ: Мицкоски призна дека со Апасиев се изолирани и сами против ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска призна дека тој и лидерот на Левица, Димитар Апасиев се сами и изолирани против ЕУ, соопшти СДСМ во реакција на прес-конференцијата на првиот човек на најголемата опозициска партија, на која тој изјави дека меѓу противниците на најавениот референдум за преговарачката рамка се и некои партии во опозицијата.

– Мицкоски потврди дека неговата фарса за референдум којшто е за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ, нема поддршка ниту од другите опозициски партии. Причините за проблемите во својата партија, во опозициските редови, Мицкоски многу наивно се обидува да ги префрли кај некој друг, но за тоа треба да си се погледне самиот себе си, оценуваат од СДСМ.

 

Според партијата, целото свое политичко делување Мицкоски го свел на ширење лаги, манипулации, на крвави сценарија, обиди за блокада на државата и европската иднина на граѓаните.

 

– Се што кажа Мицкоски излезе обратно, нема бугаризација, нема асимилација, почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и зачуван идентитет. Впрочем исто така беше и за лагите дека со Договорот од Преспа ќе се избрише АСНОМ, за кантонизација и федерализација, за Законот за употреба на јазиците, посочуваат од СДСМ.

Најголемата владејачка партија оценува дека на усвоени заклучоци од Собранието, на заштитен македонски идентитет, на почнати преговори со ЕУ со чиста формулација на македонскÐ �от јазик, Мицкоски нема повеќе простор.

– Никој не му е виновен на Мицкоски што ги лажеше граѓаните, своите членови и другите партии, се додава во соо0пштението на СДСМ.

Back to top button
Close