СДСМ: Мицкоски жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика и ги злоупотребува во дневно-партиски цели

Соопштение на СДСМ:

Oд почетокот на пандемијата, Христијан Мицкоски е опасен по јавното здравје, затоа што жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика и ги злоупотребува во дневно-партиски цели, возвратија од СДСМ на фејсбук-статусот со кој опозицискиот лидер побара оставка од премиерот Зоран Заев и од министерот за здравство Венко Филипче, обвинувајќи ги за висока смртност од ковид-19 во земјава.

„Од почетокот на пандемијата Мицкоски е опасен по јавното здравје и секоја можност ја користи за поткопување на здравствениот систем. Кај Мицкоски нема ниту грам сочувство за лицата заболени од коронавирусот, за семејствата на починатите од ковид-19.  Напротив, мрачниот некрофил Мицкоски ја злоупотребува нивната несреќа, организира морбидни перформанси на кои се сити на несреќата на починатите и нивните семејства. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно одмагаат наместо да помогнат во справувањето со пандемијата. Наместо на страната на јавното здравје, тие се на страната на вирусот. Поради таквиот нечесен и неодговорен однос, Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција – се наведува во реакција на СДСМ.

Back to top button
Close