СДСМ: Нема барање за екстрадиција, нема активна потерница од Интерпол по Груевски
Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија. Барањето поднесено од претходната влада СДСМ е истечено, а актуелната Влада на Мицкоски не поднела ново барање, наведуваат од СДСМ.

Велат „Исто така, нема активна потерница од Интерпол за негово апсење. Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не направиле за да го вратат Груевски во Македонија и да одговара пред правдата. Ова не е случајност. Ова е јасен доказ дека Мицкоски ја штити криминалната организација на која самиот е дел“.
„Додека јавно се фали со „чувство“ и закани кон опозицијата, за Груевски, кој е осуден за повеќе кривични дела, не само што не презема ништо, туку активно го чува во Будимпешта. Мицкоски може да продолжи да го крие Груевски колку што сака. Но, граѓаните јасно гледаат кога станува збор за нивните криминални соработници, ВМРО-ОКГ ги штити со сите сили. Кога станува збор за политички противници, тогаш „имаат чувство“ и јавно им се закануваат со прогон и Обвинителство. Никој не е над законот, ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту нивните заштитници“ е ставот на опозициската партија






