СДСМ: Нема фуснота за македонскиот јазик, сите лаги на Христијан атнти-ЕУ Мицкоски се потонати

Христијан Мицкоски со секој негов настап покажува дека е анти ЕУ политичар кој работи на штета на граѓаните и државата. Мицкоски е на погрешната страна на историјата и на погрешната страна од државниот интерес.

Нема фуснота за македонскиот јазик. Сите, буквално сите лаги на Мицкоски се потонати во вода.

Потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик без фусноти е уште една потврда дека Христијан анти ЕУ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лажеа граѓаните.

Нема ниту асимилација ниту бугаризација, туку има чист македонски јазик во ЕУ. Започнавме преговори со ЕУ после 17 години со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет.

Со месеци Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зборуваа за Француски предлог, најавуваа референдум за францускиот предлог а денеска истиот тој Мицкоски вели „нема Француски предлог”. Толку од конзистентноста на Мицкоски.

Во државата има два различни концепти, првиот е оној кој е за Европска Македонија предводен од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, концепт кој носи европска иднина, како полноправна членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет.

Вториот е антиевропскиот концепт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, концепт кој носи назад во изолација, во неизвеснот и поделби внатре во општеството.

Мицкоски може да се противи, но македонската иднина е сигурна и таа е европска.

Back to top button
Close