СДСМ: Нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владин авион

Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владиниот авион.
Нема одговор кој бил со Мицкоски. Нема одговор ниту колку тоа луксузирање на Мицкоски врз грбот на народот ги чини граѓаните.
Дефокусот со некакви споредби за хеликоптер во време на пандемијата е очаен, никогаш не се случило министер или премиер од редовите на СДСМ да оди море со владиниот авион.
Кога постои држава со домаќинска политика, се знае како и за што се користат државните ресурси.  А кога државата се гледа како приватен бизнис, како што Мицкоски ја гледа,  тогаш се случува вакво нешто.
Да се вратиме на клучните прашања, зошто Мицкоски одел на море со владин авион и кој бил со него?

Back to top button
Close