СДСМ: Николоски лаже за странските работници, се е согласно закон

Законот е јасен и Законот ги демантира лагите на Александар Николоски, реагираат од СДСМ на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Фокус“ кој цитираше делови од договорот со Бехтел и Енка дека според планот, 70 отсто од работниците ќе бидат странци, а само 30 отсто локални.

-Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163).
Во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.
Проекциите со кои се обидува да спинува Николоски секогаш зависат од расположливите ресурси, но Законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%.
Во член 13 пак, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот, велат од СДСМ.

Back to top button
Close