СДСМ: Нова методологија за историски највисок раст на пензиите, во просек по 900 денари

Со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуран раст на пензиите во просек по 900 денари, за достоинствен живот на пензинерите.

Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.

Дополнително, обезбедуваме и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите.

Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно.

Оваа финансиска помош од дополнителни 3.000 денари е од исклучителна важност за пензионерите во време на проширена енергетска криза.

СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и го штити стандардот на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close