СДСМ: Новите бомби се спремни – имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме!

„Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица“ соопштија попладнево од СДСМ.
Од таму велат „истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена“.
„Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе. Не ви се плашиме. Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите. Новите бомби се спремни. Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме. А на крај ќе одговарате. Работата се уште не е завршена“ велат од СДСМ.






