СДСМ: НВО имаат сопственици само во диктаторските глави на ВМРО-ДПМНЕ

Јасна Мандиќ не е сопственик на Ресурсен центар, ниту, пак, Ребека, која ја води организацијата, а чиј сопруг држеше говор на протестите на 27 април 2017 година, велат од владејачката партија, по прозивките околу распределбата на средства на граѓански организации

-Само во диктаторските глави на ВМРО-ДПМНЕ невладините организации имаат сопственици , реагираат од СДСМ откако опозицијата обвини дека Владата ѝ дала пари на невладина организација во сопственост на Јасна Мандиќ, која беше дел од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Според ВМРО-ДПМНЕ, владата ѝ доделила пари и на организацијата „Ресурсен центар“, за Мандиќ да влијае во случајот „Рекет 2“, во кој и самата е обвинета.

„Три работи се гледаат во административната селекција:
Дали организацијата е регистрирана во регистарот на невладини здруженија, дали постои повеќе од 2 години и тековната состојба не е постара од 6 месеци. Толку. Притоа, никој не смее и не е дискриминиран. Очигледно во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето. Тие би сакале да ги поседуваат сите невладини организации, да ги контролираат и манипулираат како што правеа цела деценија или пак  да ги затворат – по стапките на бегалецот Никола Груевски“, реагираа од СДСМ

Јасна Мандиќ, велат од СДСМ не е сопственик на Ресурсен центар, ниту пак Ребека, која ја води организацијата, а чиј сопруг, како што се посочува, држеше говор на протестите пред Собранието, на 27 април 2017 година.

„Дали тоа значи според ВМРО-ДПМНЕ дека Владата дала пари на оние што го нападнаа Собранието? ВМРО-ДПМНЕ да престанат да врши етикетирање на невладиниот сектор и конечно нека се помири со фактот дека парите од Буџетот не одат во ‘белата палата’, туку се користат исклучиво за интересите на граѓаните“,се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

Back to top button
Close