СДСМ: ОЈО и ДКСК да постапат за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра

Како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра, прашаа денеска од СДСМ во врска со тендерот за униформи за специјалните единици на МВР што го доби женско модно студио од Битола

„Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси понинаку дали е возможно? Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта. Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба да се бори против корупцијата, а не да биде извор“,соопштија од СДСМ.

Оттаму нагласуваат дека институциите не може да бидат неми следачи, туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.

„Панче Тошковски е фатен жив. Оновното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција мора да постапат и да го заштитат јавниот интерес, да ја обезбедат правдата, а скандалозниот тендер мора да биде поништен“,порачаа од најголемата опозициска партија.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одговарајќи на обвинувањата на опозицијата за случајот со тендерот за полициски униформи, рече дека го охрабрува Јавното обвинителство да отвори постапка не само за овој, туку за секој предмет за кој има какви било индиции за сомнежи во делот на незаконитост.

Back to top button
Close