СДСМ објави документи: Мицкоски ја покачи струјата за 100% кога немаше никаква криза

СДСМ објави документи коишто, како што тврдат, покажуваат дека додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, ја покачил струјата за 100% кога немаше никаква криза, a на светски берзи беше поефтина за 22 пати.

-Во 2006 година, цените на електричната енергија на светските берзи биле за 22 пати пониски. Според официјалните документи просечната цена во 2006 година на увезена струја била 36,97 евра за мегават час.

Токму во тој период, цената на струјата кај нас и токму од ВМРО-ДПМНЕ е зголемена за 100%.

Во 2006 годината, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта цената на киловат електрична енергија изнесувала 2.95 денари по киловат час.

Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е речиси 100 отсто зголемување.

Мицкоски во овој период беше директор на ЕЛЕМ и советник на Никола Груевски за енергетика, велат од СДСМ.

Back to top button
Close