СДСМ објави фотографии од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ со еден од основачите на клубот на Ванчо Михајлов.

СДСМ објави серија фотографии од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ со еден од основачите на клубот на Ванчо Михајлов.

-Социјалните мрежи и медиумите се преполни со фотографии на кои се гледа како еден од основачите на клубот Ванчо Михајлов е во друштво на Христијан Мицкоски и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде иронијата поголема постои и фотографија на која основачот на клубот носи маичка бреднирана токму со името на Антонио Милошоски, се вели во реакцијата на СДСМ.

На оваа тема прес-конференција имаше и пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

-Токму оваа партија за време на 11 годишниот режим поставуваше восочни фигури и се обидуваше да го рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ. Затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува, изјави Каевски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски изјави дека основањето на клубот Ванчо Михајлов е последица на бришењето на одлуките на АСНОМ од Уставот за што гласаа СДСМ и ДУИ.

-Кога вие гласате за бришење на одлуките на Антифашистичкото собрание од Уставот, тогаш ова се последиците.

Ние како опозиција предупредувавме дека не треба да се менуваат и да се бришат одлуките на АСНОМ, но СДСМ и ДУИ го направија тоа што го направија заедно со ЛДП, ДОМ и другите коалициски партнери и сметам дека овие последици се резултат на таквите поданички политики кои што ги донесоа со 64 пратеници во декември 2018 година.

Се надевам дека министерот Османи ќе има доблест во најмала рака да си поднесе оставка за ваквата провокација која се случи со негово знаење – кажа Милошоски.

Back to top button
Close