Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Бројот на загинати во поплавите во Тексас достигна 70
06.07.2025 20:24
Петте нови имиња, како што објави генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, вечерва се потврдени на седница на Извршниот одбор на СДСМ. Станува збор за кандидати за општините:
Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Во Ранковце, пак, актуелен градоначалник е Ивица Тошевски, кој пред четири години беше избран како независен кандидат.
Николовски вели дека петтемина кандидати објавени вечерва се потврдени откако биле спроведени анкети, биле направени анализи во партиските органи и биле консултирани партиските членови.
„На нешто помалку од три месеци пред изборите имаме потврдени кандидати во 35 општини, односно веќе имаме потврдени кандидати за повеќе од една третина од сите општини во државата. Машината на СДСМ е во погон, неуморно работи во сиот овој изминат период“, вели Николовски.
Останатите 30 кандидати кои веќе официјално се познати, СДСМ ги објави на 13 јули, меѓу кои, повеќето се актуелни градоначалници.