СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето – да ги намали платите на функционерите
„Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта. Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на функционерите доколку граѓаните му да ја дадат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон“ реагираат од СДСМ.
„Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите. СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите“ е партискиот став