СДСМ: Одлуката на ДС да ја напушти владината коалиција не менува ништо, парламентарното мнозинство е стабилно

СДСМ и владејачкото мнозинство се отворени за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат, нагласија од владејачката партија

Одлуката на Демократскиот сојуз да премине во опозиција не менува ништо, владината коалицијата и парламентарно мнозинство се силни и стабилни и успешно ќе може да продолжат да ги носат важните закони во Собранието за реформите во економијата и за европскиот пат на државата, реагираат од владејачката СДСМ.

„Добро е што Демократскиот сојуз и пратеникот Павле Трајанов и понатаму го поддржуваат европскиот пат на државата. Ова е важно за иднината на нашата земја. СДСМ и владејачкото мнозинство се отворени за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат. Уверени сме дека има и пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да се ослободат од заложничката ситуација во која ги сместија Апасиев и Мицкоски“,се наведува во соопштението на СДСМ.

Демократскиот сојуз, по седницата на Претседателството и Централниот совет, синоќа донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство. Ова на прес-конференција го соопшти партискиот лидер Павле Трајанов. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.

„Централниот совет заклучи дека ниту една од нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана. Имавме договор Македонија да биде една изборна единица, односно да се направат системски реформи во изборните правила. Беше подготвен закон кој помина на собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната, но тој сега е блокиран бидејќи спикерот Талат Џафери не ја закажува седницата за овие законски промени. Тоа беше нашата главна определбрече Трајанов.

Демократски сојуз на Павле Трајанов ја напушта Владата: „Наша определба и натаму останува членството на Македонија во ЕУ“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на ДС да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти владиното мнозинство и ги повика другите партии од владината коалиција да го направат истото.

 

Back to top button
Close