СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници
Извршниот одбор (ИО) на СДСМ попладнево на седница даде согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државава за претстојните локални избори.
Членовите на ИО донесоа одлука Оливера Ливриниќ да биде кандидат за градоначалник на општина Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија, Благој Илиев за општина Конче. Кандидат за градоначалник на општина Кратово ќе биде Влатко Спировски, за Кривогаштани Игор Каравиловски, за Македонски Брод Ивица Стојковски, за Ранковце Даниел Крстевски и за општина Старо Нагоричане Далибор Трајковски.
-СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините, велат од партијата.