СДСМ: Орце од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно
Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој по четири години неуспешно управување со Кисела Вода, сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје. Неговите најголеми невистини се дека има „90% реализација на програмата“, се вели во споопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на Емил Николовски – кандидат за советник во Град Скопје.
Денеска со нови конкретни примери за ветувања на Орце коишто никогаш не станаа реалност го покажуваме неговото вистинско лице, уште еднаш.
Орце ветуваше „Туристичко Драчево“, ревитализација на старата чаршија, уредување на пешачки зони и културна понуда за развој на домашен туризам. Но, четири години подоцна, населбата остана во запуштена состојба, без ниедна реконструирана фасада, без осветлување, без сигнализација, без туристичка понуда.
Ѓорѓиевски ветуваше субвенции и проекти за изградба на зелени покриви на јавни и станбени објекти, како дел од борбата против загадувањето и урбаната топлинска изолација.
Не само што не е имплементиран ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик. Една голема 0.
Орце ветуваше велосипедски патеки, катни гаражи, базени, спортски сали – четири години само рендери и фотографии, ниту еден реален објект.
Од 30 капитални ветувања во изборната програма, Орце нема испорачно ниту едно.
Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери и раскошни ПР кампањи, додека граѓаните живеат во депонии, прашина и мрак.
Кисела Вода стана симбол на застој и корупција.
И сега истиот човек бара доверба за цело Скопје? Скопјани не се наивни.
Скопје не е експериментална зона за нови лаги! Скопје заслужува вистински план и луѓе со визија, не празни ветувања и ПР. Скопје заслужува реални проекти, отчетност и работа за граѓаните.