СДСМ: Освен по тендери, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со истата насилничка и режимска матрица

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија со насилничка и режимска матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата, а се грижеше само за тендери и провизии.

Кавгите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија шокантни, скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови.

Ако Мицкоски сега од опозиција се заканува на актуелен градоначалник, може само да се замисли како ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт.

Граѓаните со Мицкоски ги очекуваат закани, насилство, навреди, уцени, ништо добро.

Се виде во изминатите 12 месеци како ВМРО-ДПМНЕ управува со Град Скопје.

Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за бизнис влијанија, пари и тендери, граѓаните се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.

Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close