(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Соопштение на СДСМ

Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски.

Овој документ е полномошно со кое кумот на Димитриевски, Драган Митевски, му дава овластување на „Лидл” да постапува за измена на ДУП-от. Односно, Лидл во име на Драган Митевски има право да иницира постапка за измена на ДУП во општина Куманово. Еве го тој документ.

Сега замислете, Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ. Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција?

Да биде скандалот поголем, при првото гласање н Советот на општината за измената на ДУП-от, кое подоцна е поништено, за ДУП-от и негова измена гласал и братот на Драган Митевски, Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ. Не се знае кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој случај, крајот не може да им се фати.

Откако сфатиле дека тоа не може да помине, на второто гласање Максим се договора со советниците на ДУИ и тие му го гласаат ДУП-от. Сè уште молчи Максим што тоа им е ветено на советниците од ДУИ. Му даваме уште еден ден, а потоа ќе го објавиме неговиот договор и за оваа работа.

Но според нашите информации, скандалот не завршува тука. Денес ќе поставиме прашања и овој пат, наместо да се обидуваат да се правдаат со напади и контранапади, нека бидат доблесни да одговорат барем на едно прашање, затоа што работата е крајно сериозна, а граѓаните имаат право да знаат.

Прашуваме, дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со Лидл, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от?

Нашите информации се дека има и бараме итно и неодложно постапување на институциите на прогонот, ЈО и Антикорупциска. Итно мора да се оформи предмет за овој повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски.

Борецот за правда и лутиот ривал на ДУИ, Димитриевски, ниту е борец за правда, ниту се бори против ДУИ. Си ги сруши целосно клучните ветувања пред граѓаните. Се испостави дека го интересираат само пари и бизнис, и дека за да го реализира тоа, спремен е да прави договори со секој, па дури и со ДУИ, за која цела кампања зборуваше дека мора да оди во опозиција.

 

Back to top button
Close