СДСМ: Падна договор во ЕУ за нови правила, депортација во трети земји кои не се членки. Клучното прашање е: Кои се тие „трети безбедни земји“?
Како што јавуваат сите европски медиуми претставниците на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент постигнале договор за нови правила: мигрантите, барателите на азил ќе се депортираат во „трети безбедни земји“, надвор од ЕУ. Клучното прашање е: Кои се тие „трети безбедни земји“?, се вели во соопштението од СДСМ.

Земјите од Балканот, кандидатите за членство, држави надвор од ЕУ, меѓу нив и Македонија.
Албанија веќе ги прими првите мигранти, Косово исто така, која е следна земја?
Прашањето е дали Македонија е следната земја која за пари ќе го направи тоа?
Бидејќи власта сака да забрани да говориме за мигранти тука ќе застанеме, граѓаните сами ќе го дадат одговорот.






