СДСМ: Пецаков да не глуми жртва и да не врши притисок врз институциите

Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, велат од СДСМ.

– Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и го загрозува јавното здравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за ковид-19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици.

Пецаков да престане да врши притисок врз институциите, како што претходно правеше неговиот шеф Христијан Мицкоски, и да преземе одговорност за своите постапки.

Секој поединец, кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши, стои во нивното соопштение.

Back to top button
Close