(ВИДЕО) СДСМ: Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „старци од Мапет шоу

Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „старци од Мапет шоу“, обвинуваат од владејачкиот СДСМ. Од партијата пренесуваат цитат на кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ кажан во телевизиско интервју и велат дека таа има потценувачки и навредлив став кон пензионерите.

„’Аман од Мапет шоу и од оние старците’, оваа изјава на Силјановска е потценувачкиот и навредлив став и однос кон пензионерите, кон нашите повозрасни граѓани, кои ја граделе државата, кон нашите родители, баби и дедовци. Добро им е познато на граѓаните како ДПМНЕ 11 години ги манипулираше пензионерите и ги потценуваше. Слично ДПМНЕ направи и со лажното ветување дека ако дојде на власт ќе им ги зголеми пензиите на сите пензионери за 5 000 денари, за наредниот ден да се премисли дека тоа би можело да случи, ама покачувањето да биде на рати од по 500 денари“,велат од СДСМ.

Додаваат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години на дело покажал и докажал што е вистинска грижа за пензионерите.

 

„Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6 000 денари повеќе. Просечната пензија денес изнесува 20 195 денари што е за 6 400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Воедно, минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година. И во време на кризите изминатите години, економската, енергетската, здравствената, кризата предизвикана од војната во Украина, СДСМ не заборави на пензионерите“,велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со последниот, деветти пакет антикризни мерки, се издвоиле 35 милиони евра за поддршка на 187 000 пензионери со што пензионерите добиваат од 1 500 – 3 000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.

Back to top button
Close