СДСМ: По лебот, ќе се коригираат цените на други прехранбени производи

„Се намалуваат цените на млекото со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци“, велат од СДСМ.

Десетина дена по одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари, Владата донесе нова одлука со која се корегираа цените на други прехрабени продукти, велат од владејачкиот СДСМ.

„Па така, од понеделенк, 13 март, цените на тестенините, поточно на шпагетите и макароните, ќе се намалат за 15 отсто, односно за осум или девет денари во однос на цената која се применувала на први март во трговијата на мало во државата. Покрај тоа, се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие продукти за период од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година“велат од СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека намалување на цените од среда, 17 март, ќе се применува и на млекото и млечните производи кои се намалуваат за 10 отсто.

„Се намалуваат цените на млекото со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урдата, кравјoто бело сирење и мешано бело сирење, кравјиот кашкавал, киселото млеко, павлаката и јогуртот кој е без додатоци“,додаваат од партијата.

Од СДСМ потенцираат дека преку одговорни, навремени и ефикасни мерки и политики се грижат за стандардот на сите категории граѓани.

Back to top button
Close