СДСМ: Повторно поскапување на горивата – според Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“

„Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари. Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот. Ниту навреме, ниту сега.

Нема намалување на акцизата. Нема привремена интервенција. Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните“ соопштија денеска од СДСМ.

Велат „ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада. Додека Мицкоски се фали со статистика и зборува за „трета економија во Европа“, граѓаните плаќаат сè повеќе за гориво, за храна, за сè“.

„Поскапувањето на горивата директно удри врз:

 

• цена на основните производи,

• трошоци на земјоделците,

• транспорт,

• трошоци на работниците кои секојдневно патуваат.

Владата имаше можност да реагира. Не реагираше“ е ставот на опозициската партија

Back to top button
Close