СДСМ: Продолжуваме со вистинска грижа за работниците: Од март минималната плата 22.500 денари

СДСМ е на страната на работниците, го вреднува нивниот труд и го штити нивниот животен страндард. За период од шест години, во кризни периоди, СДСМ во четири наврати ја зголеми минималната плата, велат од СДСМ.

„СДСМ низ социјален дијалог со засегнатите страни, воведе законски решенија, коишто содржат методологија за пораст на минималната плата, врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. За период од шест години, во кризни периоди, СДСМ во четири наврати ја зголеми минималната плата. Со последното покачување, минималната плата за сите работници изнесува 20.175 денари. Тоа е за два и пол пати повеќе во однос на минималната плата во времето на ДПМНЕ кога таа изнесуваше само 8.000 денари“ – изјавија од СДСМ.

Како што додаваат тие од март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. „СДСМ продолжува со вистинска грижа за работниците“- порачуваат од владејачката партија.

Back to top button
Close