СДСМ: Проруски инсталации на насилните протести на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, денес на прес конференција рече дека антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ.

„Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците“ рече Каевски.

На виделина, според него, излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста меѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации.

„Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. На една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија“ додаде Каевски.

Руските знамиња на протестите, потенцираше Каевски, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

„И по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието. Дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?“ праша Каевски.

Тој додаде дека во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

 

„Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата“ рече Каевски.

На новинарско прашање кој е неговиот коментар по повикот на Христијан Мицковски до пратениците од СДСМ да го одбијат предлогот, Каевски со одговор дека токму Мицкоски треба да повика дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да прават блокади и опструкции и да не одработуваат за туѓи центри и држави кои не и мислат добро на оваа држава.

Back to top button
Close