СДСМ: Реконструкцијата на Владата козметичка промена, нè очекуваат предвремени избори

Нема резултати – има театар со реконструкција.Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура, се вели во соопштението од СДСМ.

Од СДСМ велат дека некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти.

 

 

„Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува“, велат од СДСМ од каде што додаваат дека „ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието.

 

Опозициската партија вели дека ниту една сериозна реформа не е направена и дека ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен.

„Не е ова никаква промена. Ова е признание дека досегашната Влада е неуспешна, но наместо да се признае одговорноста, се прави уште еден круг на театар“, велат од СДСМ , при што додаваат дека „во секој случај, нè очекуваат предвремени избори. Пари нема, па и оваа претстава ќе трае кратко

Back to top button
Close