СДСМ: Се прават последни анализи за враќање на дневната евтина тарифа на струјата


Од владејачкиот СДСМ најавуваат дека се очекува наскоро цената на струјата „во одреден период од денот да биде значително пониска“

Последните анализи за враќање на евтината дневна тарифа на електричната енергија се во тек, граѓаните може да очекуваат наскоро цената на струјата во одреден период од денот да биде значително пониска, соопшти владејачкиот СДСМ.

„Враќањето на евтината дневна тарифа се должи на успешното менаџирање на последиците од светската енергетска криза од страна на Владата и институциите предводени од СДСМ, кои обезбедија непречено снабдување со електрична енергија и ги заштитија граѓаните од ценовни шокови“,велат од СДСМ.

Додаваат дека домашното производство на електрична енергија е зголемено за 40 проценти со што се значително се намалил увозот на струја.

„Од почетокот на 2022 година до крајот на март 2023 година произведени се некаде над 2,7 милиони мегават часови домашна електрична енергија, а уделот на увозот се намали од над 30 отсто на околу 11-12 проценти. Истовремено за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати ‘зелена енергија’“,потенцираат од СДСМ.

Од партијата велат дека со ова пропаднале сите лажни сценарија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кои го плашеле народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија драматично ќе порасне, дека енергетскиот сектор ќе пропадне.

„СДСМ работи во интерс на граѓаните, како одговорна партија продолжува со мерките и политиките што го зајакнуваат енергетскиот капацитет, ја зголемуваат енергетската независност на државата и обезбедуваат пониски трошоци за електрична енергија“,велат од партијата.

Back to top button
Close