СДСМ: Што слави ВМРО ОКГ вечерва во Гостивар, тоа што го отруја цел град, како не ви е срам?

Тие што го отруја цел Гостивар, поради кои нема вода 5 недели а над 5.000 граѓани беа заболени денеска ќе слават.
Вечерва, Општинскиот комитет на ВМРО ОКГ во Гостивар ќе слави партиски настан годишнина од основање.
Што славите?
Тоа што го отрувте цел Град?
Тоа што пет недели нема вода?
Тоа што не се знае ниту сега дали водата е безбедна за пиење?
Тоа што не објавувате документ и анализа за водата?
Мицкоски од екскурзија ја „пушти” водата за пиење без документ.
Пет недели го нема да дојде во Гостивар.
Сега вечерва ќе дојде ли да слави?
Како не ви е срам?
Граѓаните со празни шишиња, без вода а вие на партиски прослави.
Сега со што ќе наздравите вечер додека славите?
Гостивар денеска од сабајле до сега пак нема вода.
Па ова е поголема брука од срамната здравица пред камери, овде на оваа чешма!
Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз, не партиски прослави.
Треба да одговарате а не да славите!
И ќе одговарате, доаѓа и тоа време!
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=qNCzOQ-FwMA






